Инфо

Град Скопје ќе ја одбележи годишнината од земјотресот со Влатко Стефановски и Танос Ставридис

среда, 24 јули 2019

Со концерт во Градскиот парк на кој ќе настапат балканските ѕвезди Влатко Стефановски, Танос Ставридис (најпознатиот грчки accordion (хармоника) музичар), Биља Крстиќ и Биг Бенд, Градот Скопје на 26 јули ќе ја одбележи 56-годишнината од катастрофалниот земјотрес

„26 јули е денот кога се потсетуваме на еден тажен момент од животот на Скопје. Но, тоа е и ден кога треба да го славиме животот, да ја славиме хуманоста и подадената човечка рака. Никако не треба да ја заборавиме светската мобилизација за помош на Скопје и неговите жители. Исто така, овој ден е значаен, бидејќи треба секогаш да се потсетуваме дека нема играње со приридата и дека ова може да му се случи секому. И по 56 години важно е да се чествува овој ден и сите да се потсетиме на тоа што се случило. Важно е да ги потсетуваме и младите генерации на она што светот го направил за нас, зашто само така ќе ги научиме што значи хуманост и подадена рака во тешки моменти.
Овој ден не го нарекуваме прослава, ниту, пак, чествување. 26 јули е ден на хуманоста, ден на добрите дела и ден за сеќавање на сите што не се повеќе со нас“, велат од Град Скопје.
 

Содржината е прочитана 50 пати.