Бизнис вести

Формирана Trainings4All – прва меѓународна платформа за тренинзи и тренери

Платформата ги вмрежува сите оние организации, тренинг центри, обучувачи и индивидуалци кои придонесуваат за подигнување на свеста за потребата на надградување на личниот и професионалниот потенцијал

среда, 24 јули 2019

Во Македонија е формирана Trainings4All, првата меѓународна платформа за вмрежување на сите тренери и тренинзи на едно место. Нејзини основачи се Маја Ацески и Марина Анчевска.

Платформата официјално беше претставена минатиот месец на настанот „Ајде да зборуваме за бизнис“ на кој учествуваа голем број луѓе од бизнис секторот и тренери од Македонија, Србија и од Хрватска. 

„Платформата Trainings4All ги вмрежува сите оние организации, тренинг центри, обучувачи и индивидуалци кои придонесуваат за подигнување на свеста за потребата на надградување на личниот и професионалниот потенцијал“, рече Маја Ацески.
„Преку платформата сите оние што се дел од неа добиваат можност на лесен и едноставен начин да ја презентираат својата работа и со тоа да се вмрежат со нивни колеги во Македонија и пошироко. Токму затоа и главното мото на оваа пларформа е ’Се е возможно ако го правиме заедно’“, дополни Марина Анчевска.

Покрај вмрежувањето, платформата има за цел да ги класифицира сите понуди, да ја истакне професионалноста на тренинг центрите и тренерите, како и да понуди едноставност во барањето на било каков тренинг, обука или настан.

Постапката за да бидете дел од оваа платформа е едноставна. Се што треба да направите е да ги пополните основните податоци на следниот линк, да станете член на платформата и со тоа вие станувате дел од оваа меѓународна мрежа.

Членувањето во платформата, до декември годинава промотивно е бесплатно, а од наредата година членството можете да се продолжи по достапна цена.

Платформата на своите членови им нуди уникатна можност бесплатно да ја презентираат својата работа и да ја доближат до своите клиенти. Ова е прва платформа од ваков тип во Југоисточна Европа на која може да се најдат широк спектар на тренинзи поврзани со животниот стил, кариерата, бизнисот и личниот развој.

Но, платформата е интересна и за бизнис секторот, бидејќи од сега барањето на соодветен тренинг за своите вработени ќе биде достапно само со еден клик.

Платформата е меѓународна и со полна пареа се работи да се проишири низ Балканот, Европа, па потоа и низ целиот свет.

За повеќе информации можете да го посетите нивниот веб сајт или нивната Фејсбук фан страна.
 
Содржината е прочитана 163 пати.