Инфо

Почна реконструкцијата на булеварот „Кочо Рацин“ во Скопје

Градежните работи ќе траат во наредните 40 дена и во тој период ќе биде воведен привремен сообраќаен режим

понеделник, 22 јули 2019

Град Скопје денеска почна со реконструкција на булеварот „Кочо Рацин“, на потегот од „Веро Џамбо“ , односно од булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ до крстосницата со улицата „Свети Кирил и Методј“ кај зградата на „Макпетрол“.

На потег во должина од 880 метри во наредните 40 дена ќе се отстрани постојниот асфал и ќе се постави нов слој. Додека траат градежните работи, на булеварот ќе се воведе привремен режим на сообраќај.

„Ќе го применуваме принципот на брза, експедитивна, но и квалитетна работата со цел да го намалиме сообраќајниот метеж. Станува збор за две релативно сензитивни крстосници во центарот на градот и затоа ги замолувам граѓаните дневно да се информираат за режимот и можните застои на сообраќајот“, рече градоначалникот Петре Шилегов.

Тој најави дека во наредните денови ќе стартуваат градежни работи и за реконструкција булеварот „Крсте Мисирков“ од крстосницата кај ТЦ „Мавровска“ до поликлиниката Бит пазар, како и на улицата „Павел Шатев“.

 

Содржината е прочитана 52 пати.