Култура

Изложба на цртежи со мотиви од НОБ

Во Музејот на град Скопје денеска ќе биде отворена изложба на цртежи од Галерија Јустина и Родољуб Анастасови по повод 13-ти Ноември ослободувањето на Скопје. 

петок, 13 ноември 2015

Во Музејот на град Скопје денеска ќе биде отворена изложба на цртежи од Галерија Јустина и Родољуб Анастасов по повод 13-ти Ноември ослободувањето на Скопје.

Изложбата е составена од два дела – цртежи кои за тема ги имаат мотивите од НОБ и цртежи од серијата дела на Анастасов именувана „Енформелска лабораторија“. Тоа се две серии цртежи кои потекнуваат од различни фази на уметникот.

Цртежите од „Енформелска лабораторија“ се создавани во периодот од крајот на педесеттите до средината на шеесеттите години од 20-ти век а малата серија цртежи со мотиви од НОБ е работена во 1966 и 1976 година.

(Преземено од МИА)
 

Содржината е прочитана 501 пати.