Инфо

Горивата поевтинуваат од половина до еден денар од литар

понеделник, 22 јули 2019

Регулаторната комисија за енергетика одлучи од ноќеска на полноќ да ја намали цената на бензините за еден денар, а на дизелот за половина денар од литар.

Тоа значи дека Еуросупер БС–95 ќе се продава за 69,5 денари за литар, додека Еуросупер БС–98 за 71,5 денар за литар.

Еден литар дизел Еуродизел (Д-Е V) ќе чини 61,5 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство 51 денари литар.
Малопродажната цена на мазутот се намалува за 1,914 ден по килограм со што тој ќе се продава по цена од 34,167 денари еден килограм. ОД Регулаторна информирааат дека намалувањето се должи на пониските цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период и на повисокиот курс на денарот во однос на доларот.
 

Содржината е прочитана 39 пати.