Бизнис вести

„Алкалоид“ изврши дополнително вложување во Словенија

Македонската компанија ја зголеми основната главнина и вложи дополнителни 400.000 евра во АЛКА–АБ ДОО Љубљана, Словенија

понеделник, 22 јули 2019

„Алкалоид“ АД Скопје ја зголеми основната главнина и вложи дополнителни 400.000 евра во АЛКА–АБ ДОО Љубљана, Словенија, фирма која е 100 отсто сопственост на македонската компанија. Новото вложување е наменето за проширување на капацитетите на хемиската лабораторија за тестирање на лекови.

„’Алкалоид АД’ изврши дополнително вложување во постојното друштво АЛКА-ЛАБ ДОО Љубљана, по пат на зголемување на основната главнина. Со оваа инвестиција ’Алкалоид АД’ Скопје ги продолжува активностите за понатамошно ширење на своите операции на пазарите на земјите членки на Европската унија, како и зајакнување на постојните позиции на овие пазари“, се вели во соопштението од македонската компанија испратено до Македонска берза.

 

Содржината е прочитана 56 пати.