Бизнис клуб

Целосно реализирана хуманитарната донација ДАМА-ДА-Донира за Специјалниот завод во Демир Капија

Со собраните средства од акцијата беа купени шест клими кои потоа беа монтирани во просториите во кои престојуваат штитениците на Заводот

понеделник, 22 јули 2019

Во целост е реализирана хуманитарната донација „ДАМА-ДА-Донира“ која агецијата „Марили“ ја организираше за Специјалниот завод во Демир Капија. Со оваа донација, согласно потребите на Заводот, од собраните средства беа купени шест клима уреди кои беа монтирани во просториите каде постојано живеат штитениците на Заводот.

Донацијата беше реализирана во рамките на тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“ на крајот на март оваа година. Во неа учествуваа сите посетители на тематскиот кои со купување влезница дадоа свој придонес во оваа донација, како и бројни компании и фирми, особено од каде што доаѓаат жените менаџери – членови на МАРИЛИ БИЗНИС КЛУБОТ. Во оваа хуманитарна акција учествуваше и Амбасадата на Република Словенија во Република Северна Македонија.

Со донацијата беа собрани вкупно 96.450 денари и за сите тие пари беа набавени шест клими кои потоа и беа предадени на директорката на Специјалниот завод, Александра Велковска. Таа се заблагодари на донацијата со која, како што рече, во овие топли денови ќе им се подобрат условите за живот на штитениците на Заводот.

Хуманитарната акција од почетокот беше поддржана од Министерството за труд и социјална политика и од министерката Мила Царовска.
 

Содржината е прочитана 173 пати.