Бизнис вести

Просечната плата во мај 25.270 денари

петок, 19 јули 2019

Просечната месечна нето-плата по вработен исплатена во мај годинава изнесувала 25.270 денари и е за 3,1 отсто поголема од мај минатата година, додека просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, била 37.520 денари, соопшти Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на порастот на просечната месечна нето-плата исплатена во секторите: Транспорт и складирање - 10 проценти, Градежништво пораст од 7,4 и Дејности на здравствена и социјална заштита од 7,2 отсто.

Зголемување на просечната месечна нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (16,5 %), Градежништво (3,9 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (3,6 %).
 

Содржината е прочитана 45 пати.