Бизнис вести

Профитот на ВИП порасна за 9,4 отсто во однос на лани

Македонскиот огранок на А1 Телеком Австрија во првата половина од годината остварил профит од 22 милини евра

петок, 19 јули 2019

Профитот на ВИП во првите шест месеци годинава пораснал за 9,4 отсто во споредба со истиот период лани.

А1 Телеком Австрија соопшти дека нејзиниот македонски огранок оне.Вип во првата половина од 2019 година остварил профит пред исплата на камати, даноци и амортизација (ЕБИТДА) од 22 милиони евра, додека вкупниот приход на оне.Вип се зголемил за 3,4 проценти на 59,6 милиони евра.

Во вториот квартал од 2019 година, пак, профитот ЕБИТДА се намалил за 5,8 отсто на годишно ниво на 10,9 милиони евра, додека приходот во овој период пораснал за еден процент на 29,3 милиони евра.

Во соопштението на А1 Телеком Австрија се вели дека во првата половина од годинава за 0,2 проценти пораснал и бројот на претплатници, па на крајот на јуни оне.Вип брои вкупно 1,08 милиони претплатници на безжичен интернет.
 

Содржината е прочитана 83 пати.