Бизнис вести

Летното издание на Бизнис каталог на Р.Северна Македонија 2019 е веќе во продажба

Списанието, кое претставува единствен промотивен примерок од ваков вид во државата, оди заедно со подарок – ваучер од Матица со 50 проценти попуст за книгата „Тајната на облаците“ од Алисон Ричман. Каталогот може да се најде на повеќе трафики низ централното подрачје на Скопје и во поголемите градови, како и во продажните салони на Матица

петок, 19 јули 2019

 

Почитувани,

Излезе од печат најновото, летно издание на Бизнис каталог на Р.Северна Македонија 2019 година. Списанието претставува единствен промотивен примерок од ваков вид во државата, печатено на македонски и на англиски јазик.

Летниот Бизнис каталог на РСМ 2019 е веќе дистрибуиран. Изданието е присутно во Бизнис и ВИП салонот на аеродромите на ТАВ Македонија, во амбасади, конзуларни претставништва, во министерства, но и во широката продажна мрежа низ Македонија, каде што оди заедно со подарок – ваучер од Матица со 50 проценти попуст за книгата „Тајната на облаците“ од Алисон Ричман. Ваучерот е спакуван на предната страница на Каталогот. Книгата е во продажба во салоните на Матица.

Ваквиот ексклузивен примерок на Каталогот со подарок може да го најдете на следните продажни места: на трафиките низ Скопје: (Зелен пазар, ГТЦ, Веро-Тафталиџе, Државна болница, спроти ТЦ „Буњаковец“, населба Капиштец, кај Студентскиот дом во Центар, на почеток на бул. „Партизански одреди“, наспроти ТЦ „Капитол“, кај Соборен храм, наспроти ТЦ „Рамстор“, кај Општина Центар и на ул. „Македонија“) и во централните подрачја на Охрид, Струга, Битола. Исто така, го има во продажба и во сите продажни салони на Матица низ државата.

Летното издание на Бизнис каталогот 2019 нуди разновидни содржини и бројни интервјуа со личности од најразлични дејности. Во овој број на изданието кое е на 100 страници, може да се запознаете со македонските културни брендови, но и да прочитате ексклузивни интервјуа од областа на културата, модата, спортот. Во Каталогот има и бројни интервјуа со значајни субјекти од економијата, бизнисот и претприемништвото, од хотелиерството.

Во ова издание на Бизнис каталогот низ слики и текст ве водиме и на традиционалната манифестација „Избор на 10 најуспешни жени менаџери за 2018“ што се одржа во март годинава, како и на тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“, чиј хуманитарен карактер годинава беше отсликан во мотото „ДАМА-ДА-Донира“.

На крајот, секако, и овој пат пред вас ја имате и комплтната програма на годинашното Охридско лето.
 

Содржината е прочитана 411 пати.