Бизнис вести

Турски „Балканлар Пластик“ почна со изградба на фабрика во Бунарџик

Инвестицијата е во вредност од 7,5 милиони евра, а во фабриката која ќе произведува производи од пластика на почетокот ќе бидат вработени 80 лица, а во подоцнежните фази ќе се отворат вкупно 306 работни места

четврток, 18 јули 2019

Турската компанија „Балканлар Пластик“ денеска почна со изградба на фабрика во Бунарџик, каде планира да инвестира 7,5 милиони евра. Фабриката ќе произведува производи од пластика и на почетокот во неа ќе бидат вработени 80 лица, а во подоцнежните фази ќе се отворат вкупно 306 работни места.

„Со вложувањето во земјава планираме да придонесеме за нови вработувања. Очекуваме инвестицијата да биде успешна и ќе дадеме се од наша страна да се оствари овој проект“, рече Ерен Чалишир од „Балканлар Пластик“.

Премиерот Зоран Заев потенцираше дека турските инвеститори се едни од најприсутните во нашата земја, а Турција е меѓу најголемите наши пријатели.

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев истакна дека ова е една од 30-те фабрки што се градат во државата. Турција, како еден од најголемите партнери на нашата држава лани имаше директни инвестиции од 36,2 милиони евра, а во првиот квартал 16,3 милиони евра, што, како што рече тој, покажува тенденција на раст и очекуваме до крај на годината бројката од минатата година да биде надмината.

 

Содржината е прочитана 54 пати.