Бизнис вести

KFC го отвори својот прв „Drive Thru“ ресторан во Македонија

Ресторанот се наоѓа на крстосницата помеѓу „Македонско-косовска бригада“ и булеварот „Словенија“ и има вкупна површина од 420 квадратни метри и капацитет за околу 150 посетители. Во текот на летото ќе биде отворен од 10 до 02 часот наутро

четврток, 18 јули 2019

Еден од најголемите синџири ресторани, KFC денеска, во рамки на свеченото отвoрање на POINT Retail Park во Скопје го отвори својот прв „Drive Thru“ ресторан во Македонија. Ресторанот се наоѓа на крстосницата помеѓу „Македонско-косовска бригада“ и булеварот „Словенија“ и има вкупна површина од 420 квадратни метри и капацитет за околу 150 посетители.

Преку препознатливиот модел на работење новиот ресторан ќе им овозможи на сите оние кои се во брзање, без да излегуваат од својот автомобил, брзо и лесно да го купат својот омилен оброк. Опремен со две дополнителни каси за нарачка и превземање на храната од надворешниот дел на ресторанот, преку новата „drive thru“ опција, процесот на земање на нарачката за секој возач е многу пократок и поедноставен.

Како што рече генералниот менаџер на KFC Македонија, Фатмир Фејзули новиот ресторан овозможи отворање на повеќе од 30 нови работни места. Со ова KFC синџирот ресторани продолжува да биде присутен во се поголем број градови во земјата и да им ги понуди на своите гости највкусните и свежи јадења од пилешко подготвени според тајниот оригинален рецепт со 11 состојки и зачини на основачот на KFC, полковникот Сандерс.

„Отворањето уште еден ресторан во Скопје потврдува дека за многу кратко време ја стекнавме довербата на нашите гости. Единствен од овој тип во Македонија, со својот уникатен и урбан дизајн и уреден со најсовремена опрема ресторанот ја доловува енергијата на брендот препознатлива за KFC“, рече Жаклина Герасимовска, маркетинг менаџер на KFC Македонија.

Ресторанот во текот на летото ќе биде отворен од 10 до 02 часот наутро, а во текот на првиот месец се предвидени многу активности и специјални попусти.
 

Содржината е прочитана 377 пати.