Бизнис вести

Васко Ковачевски е именуван за нов генерален директор на ЕЛЕМ

четврток, 18 јули 2019

Владата вчера ги назначи новите директори и членови на одбори на јавни претпријатија откако премиерот Зоран Заев го најави разрешувањето на десетици директори на јавни претпријатија и членови на управни одбори, меѓу кои и директорите на МЕПСО и на ЕЛЕМ, Сашо Василевски и Драган Миновски, на „Македонија пат“, Гајур Кадриу, на Здравствен дом – Скопје, Злате Мемедовиќ и други.

Така, за член на УО кој ја извршува фунцијата генерален директор на АД ЕЛЕМ е назначен Васко Ковачевски. Исто така, Владата му препорачува на Надзорниот одбор на Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација (М – Нав) АД Скопје, за член на УО да го избере Александар Палчевски, на претставникот на акциите и на уделите во сопственост на Владата во АД „11 Октомври – Еурокомпозит“, му препорача да го отповика Златко Граороски од должноста прв извршен член на Одборот на директори и генерален директор и на тоа место да го именува Милан Тоцев.

За член на Инспекцискиот совет Владата го именува Керамедин Селими, откако го разреши Горан Симоновски.

 

Содржината е прочитана 52 пати.