Култура

СВП претставени на поетски фестивал во Турција

Во рамките на меѓународниот саем на книгата во Истанбул, Турција, се одржува и реномираниот „Интернационален поетски фестивал Истанбул, на чие отворање се одржа презентација на Струшките вечери на поезијата. 

петок, 13 ноември 2015

Во рамките на меѓународниот саем на книгата во Истанбул, Турција, се одржува и реномираниот „Интернационален поетски фестивал Истанбул, на чие отворање се одржа презентација на Струшките вечери на поезијата.

Оваа презентација, се вели во соопштението од СВП, е дел од соработката со фестивалот во Истанбул во рамките на која се предвидени низа активности, како преведувачки работилници, издавачки проекти и претставување на најзначајните поетски творци во рамките на обата фестивала.

На преставувањето пригодни обраќање одржале директорот Мите Стефоски и претседателот на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата, Славе Ѓорѓо Димоски, кои зборувале за историјата, структурата и значењето на фестивалот и неговата улога во промоција на врвните поетски дострели во светската поезија, како и за промоцијата на македонската поезија во светот.

Низ прикажувањето на пригодно видео било претставено последното издание на фестивалот, а преку изложба и издавачката продукција на СВП, во која се објавени репрезентативни избори од врвни светски поети, добитници на наградата „Златен венец“, антологии на национални поезии и други изданија.

(Преземено од МИА)
 

Содржината е прочитана 469 пати.