Инфо

Поскапуваат горивата

понеделник, 15 јули 2019

Од ноќеска на полноќ поскапуваат горивата, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и согласно Методологијата за формирање на цените, малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 2,35 проценти. Поточно, бензините ќе поскапат за 1,5 денари, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство еден денар од литар.

Тоа значи дека новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 70,50денари литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 72,50 денари за литар. Лидар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 62 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 51,50 денари.

За 1,343 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС сега килограм од тој енергенс ќе чини 36,081 денар.
 

Содржината е прочитана 41 пати.