Бизнис вести

Двонеделна дружба на децата и вработените во „Кромберг и Шуберт“ во просториите на компанијата

Над 800 деца на вработените во КроШу се во посета на работните места на своите родители каде имаат можност да се дружат со своите врсници, родителите, останатите вработени, но и со омилените ликови од бајките и од цртаните филмови

понеделник, 15 јули 2019

Весела и разиграна атмосфера, многу насмевки, дружење, но и едуцирање е атмосферата која владее во просториите на „Кромберг и Шуберт“ деновиве. Имено, во текот на две недели повеќе 800 деца на вработените во КроШу се во посета на работните места на своите родители.

Во текот на овие две недели децата ќе имаат можност да се дружат со своите врсници, родителите, останатите вработени, но и со омилените ликови од бајките и од цртаните филмови. Да запознаат нови другарчиња, да создаваат нови пријателства, а истовремено да се запознаат и со она што го работат нивните родители, а притоа да стекнат нови знаења и вештини.

Една од активностите во склоп на посетата на децата се состои од запознавање на производствениот процес во фабриката, при што тие беа прошетани низ целокупниот производствен тек.

Целта на оваа активност е децата да се запознаат со она што го работат нивните родители и да согледаат како секој родител, придонесува за успешен производствен процес. Со самото тоа, децата стекнуваат нови знаења, нови увиди во работното место на родителите, со што се придонесува за уште поголемо зближување на децата со родителите и тоа на самото работно место на родителот.

За децата има неколку посебно осмислени програми што ќе го направат целото ова дружење да биде не само забавно и весело, туку и едукативно, со особен акцент на поттикнување на социјализацијата преку игри и дружење.
Изготвени се посебно дизајнирани симулирани табли за децата, кои се едни од најинтересните активности за нив, бидејќи се со ликови и форми соодветни за детската возраст и нивните интереси. Децата треба да ги оформат и поврзат со жици, што потсетува и е слично со работата на нивните родители. Децата уживаат во секој момент на овие зададени задачи и играат концентрирано и посветено со цел успешно да ги завршат и да го оформат омилениот лик со жици.

Оваа активност, не само што е интересна и забавна за децата, туку е и едукативна. Особено е важно да се напомене дека ваквите активности за децата се многу важни за нивниот когнитивен развој. Преку овие игри се развива нивниот когнитивен процес, логичкото размислување, моторичките способности, стекнуваат поголема самодоверба, но и успешно се социјализираат и развиваат тимски дух.

Покрај игрите наменети за децата, за нив се приготвуваат и посебни оброци направени во форма на познатите ликови од цртаните филмови. Овие оброци предизвикуваат вистинска радост кај децата, не само поради интересните форми, туку и поради одличниот вкус.

Ликовите од бајките, цртаните филмови и суперхерои ( Елза, Халк, Супермен ) ги пречекуваат децата секој ден во просториите на КроШу и тие можат да се забавуваат и сликаат со нив.

За децата се предвидени и подароци, а се состојат од крпа за плажа и училишен прибор. Со тоа на децата им се посакува забавен и весел летен распуст, но и потсетување на училишната година која следува. Подароците за децата се одличен спој на забава и едукација, токму така како што е организирана и оваа нивна посета на КроШу. Да се забавуваат, да се дружат, да уживаат во летото, но и да се посветени и одговорни кон нивниот едукативен процес и кон нивниот личен раст и развој.

Насмевките на детските лица и веселиот детски џагор низ просториите на КроШу во текот на овие две недели внесе прекрасна и разиграна атмосфера во која уживаа и на која и се радуваа и децата и вработените.

А, несебичната поддршка од соработниците на оваа голема компанија со уште поголемо срце надополни за атмосферата да биде токму онаква каква што беше и замислено. Безбедниот превоз за дечињата овозможен од „МиГ травел“, превкусните оброци од „Марио Матео“ и безбедноста за време на целата посета од страна на „Перпетуумобиле“ и Битолска амбуланта беа клучните фактори за успешна реализација.
„Детето на кое му се посветува доволно внимание, правилно ќе се развива“.
 
Содржината е прочитана 106 пати.