Инфо

Македонците ќе патуваат во Украина без визи

Државјаните од двете земји кои имаат биометриски патни исправи можат да влезат во другата држава и да престојуваат од 90 до 180 дена без виза

петок, 12 јули 2019

За влез во Украина, на македонските граѓани во иднина нема да им биде потребна виза. Mинистерот за надворешни работи, Никола Димитров и амбасадорката на Украина во нашата земја, Наталија Задорожњук потпишаа Спогодба за условите за заемни патувања на државјаните од двете земји.

„Спогодбата ги уредува правилата и начинот за воспоставување и практикување на безвизниот режим помеѓу Северна Македонија и Украина (без никакви документи како услов за влез) и им овозможува на државјаните на двете земји, носители на биометриски патни исправи, влез, транзит и краткорочен престој од 90 до 180 дена без виза. Оваа Спогодба се очекува да даде особен придонес за натамошно интензивирање на севкупната соработка, особено на економски план, преку олеснување на деловните врски и контакти меѓу двете земји, како и развој на туризмот“, се вели во информацијата од МНР.

 

Содржината е прочитана 91 пати.