Инфо

Апликацијата МојДДВ достапна и за корисниците на Ајфон

петок, 12 јули 2019

Апликацијата Мој ДДВ веќе е достапна на Аpple store и за корисниците на iOS, соопшти директорката на УЈП, Сања Лукаревска преку својот Фејсбук профил. Апликацијата до вчера не беше достапна за корисниците на ајфони поради мошне рестриктивните и строги правила на „Епл“. Но, сега е достапна на https://apps.apple.com/…/moja-banka-mobile-ban…/id1472553785

УЈП неодамна соопшти дека за пет дена од стартот на проектот „МојДДВ“ граѓаните „заработиле“ 120.000 евра од скенирањето на фискалните сметки со своите мобилни телефони. Од 1 до 5 јули апликацијата ја симнале 58.000 граѓани, а се очекува тоа да го сторат половина милион корисници.
 

Содржината е прочитана 120 пати.