Бизнис вести

„Макпетрол“ го доби тендерот за „зелена нафта“

Првите персонализирани платежни картички за користење „зелена нафта“ земјоделците ќе ги добијат до крајот на овој месец

среда, 10 јули 2019

„Макпетрол“ го доби тендерот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството (АФПЗРР) за обезбедување „зелена нафта“ на земјоделците.

На тендерот, кој е тежок 3,2 милиони евра, како што информираа од Агенцијата, се јавиле седум компании, но била поднесена само една понуда.

„Седум економски оператори подигнаа тендерска документација, а беше доставена само една понуда за набавка на дизел гориво за земјоделска механизација. Отворањето на понудите беше на 12 јули оваа година, а на 3 јули операторот ’Макпетрол’ е известен дека е избран за најповолен понудувач. Во постапка е и склучувањето на договорот за набавка на гориво за земјоделска механизација“, објаснуваат од Агенцијата.

Првите платежни картички за користење „зелена нафта“ земјоделците ќе ги добијат до крајот на овој месец.
„Макпетрол“ има рок од 60 дена да ги изработи сите платежни картички кои ќе бидат персонализирани, а ќе се доставуваат преку подрачните единици на Министерството за земјоделство. Земјоделците ќе можат да купуваат исклучиво Еуродизел.
 

Содржината е прочитана 54 пати.