Здравје/ Убавина

Центарот за естетика и козметологија „Дерма Бела“ ткае нова уметничка приказна

Препознатливиот симбол за женската убавина од неодамна е во нов модерен простор на улицата „Франклин Рузвелт“ бр.1 кој нуди луксуз, креативност, релаксирана и комфорна атмосфера

понеделник, 08 јули 2019

Центарот за естетика и козметологија „Дерма Бела“ почна да ја ткае својата нова уметничка приказна во нови простории на улицата „Франклин Рузвелт“ бр.1 во Скопје.

Симболот на женската убавина, Центарот повеќе од 25 години е водечки во естетската медицина и козметологија како претставник на најпознатите светски козметички брендови. Тој е единствен кој придонесува за развој на науката кога е во прашање негата на лицето и телото, а др. Весна Ѓорѓиеска е прва во Македонија која го создаде спојот помеѓу медицината и козметологијата.

„Дерма Бела“ од бело сликарско платно сега се претвори во нов модерен изглед со нова димензија. Место каде што постои баланс помеѓу студениот мермер и топлата златна боја, помеѓу меките ткаенини и металните прегради, помеѓу ѕидовите и отворот кон светлината, помеѓу класичните детали и модерните линии.

Новиот простор нуди луксуз и креативност со добра причина. Тој е еклетична игра – комбинација на мотиви, материјали и бои. Преку внимателно избрани детали и парчиња, просторот нуди баланс во миксот помеѓу видливо и скриено, ладно и топло, класично и модерно, меко и круто, сјај и мат.

Новиот изглед на „Дерма Бела“ создаде поинаков гламур со елегантна, а сепак комфорна и релаксирана атмосфера. Амбиентот има своја душа која креира задоволство кај секој клиент.

Отворањето на новиот простор беше одбележан со коктел забава за лојалните клиенти и пријатели на центарот
 

Содржината е прочитана 171 пати.