Бизнис вести

Свето Јаневски ја затвора белградска приварница БИП

Според белградската телевизија „Б92“ менаџментот на М6, компанијата на Јаневски го известиле БИП дека одлучиле да ја прекинат деловната соработка, а изутринава биле поделени и 150 откази

петок, 05 јули 2019

Се затвора белградската пиварница БИП, сопственост на македонскиот менаџер Светозар Јаневски, а изутринава се поделени 150 откази, јави српски „Б92“ и се појаснува дека менаџментот на М6, компанијата на Јаневски го известиле БИП дека одлучиле да ја прекинат деловната соработка.

,,Ве известуваме дека М6 ЕДЕН СРБ, одлучи да го прекине договорот за деловна соработка со А.Д. БИП во стечај. Верувавме во можноста за развој на една од најголемите пиварници во регионот и со ентузијазам тргнавме во нејзина обнова пред две години. Се обидовме да направиме нешто позитивно за Белград и за Србија, да дадеме живот и енергија на една компанија стара 180 години. За жал, без оглед на големите вложувања, посветеност и енергија, не успеавме, бидејќи концептот што го нудиме овде, нема изглед за успех“, пишува во соопштението од компанијата на Јаневски до српските медиуми.

Информациите од Србија се дека БИП најверојатно ќе биде затворена многу брзо, а се уште е неизвесно што ќе биде со останатите работници. Телевизијта јавува дека работниците кои излегуваат со отказни решенија изјавуваат дека Македонецот ги излажал, иако ветил дека никој нема да биде отпуштен и ќе ја крене на нозе пиварницата.

Белградската индустрија на пиво БИП во 2017 беше продадена од страна на државата на приватни инвеститори. Компанијата М6 на Свето Јаневски стана закупец на БИП кога беше во стечај во 2017 година за 912 илјади евра годишно.

 

Содржината е прочитана 150 пати.