Бизнис вести

Трговскиот дефицит за пет месеци изнесува околу 838 милиони евра

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот бил 2.622.004.000 евра и бележи пораст од 14,8 проценти, а увозот во истиот период изнесувал 3.459.876.000 евра, што е зголемување за 14,1 процент. Трговскиот дефицит бил 837.872.000 евра

четврток, 04 јули 2019

Вкупната трговска размена со странство во периодот јануари-мај 2019 година изнесувала 6.866.074.000 американски долари. Извозот во овој период бил 2.959.957.000 долари и бележи пораст од 6,4 проценти, а увозот 3.906.117.000 долари што е за 5,6 проценти повеќе во споредба со истиот период лани. Трговскиот дефицит изнесувал 946.160.000 долари, објави денеска Државниот завод за статистика.

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот бил 2.622.004.000 евра и бележи пораст од 14,8 проценти, а увозот во истиот период изнесувал 3.459.876.000 евра, што е зголемување за 14,1 процент. Трговскиот дефицит бил 837.872.000 евра.

Во извозот најголемо учество имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија и сетовите на проводници за палење, за возила, авиони или бродови, додека во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтени масла и маслата добиени од битуменозни минерали, како и необработени или во облик на прав и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.

Најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.

Пренесено од МИА
 

Содржината е прочитана 101 пати.