Инфо

Пуштен во употреба контролниот пункт во Петровец

среда, 03 јули 2019

Пуштен е во употреба контролниот пункт во Петровец кој ќе го мониторира сообраќајот по должината на Коридорот 10. Камерите поставени на автопатот ќе даваат информации за наплатата на патарините, но и за евентуален застој или метеж на патот.

Наскоро, овој контролен центар ќе биде поврзан со тој во Неготино кој го мониторира движењето по новиот автопат до Гевгелија. Од тука ќе се следи сообраќајот и на новиот автопат до Штип.

Центарот е дел од проектот за модернизација на патарините и претствува инвестиција од околу 18,6 милиони евра.
 

Содржината е прочитана 126 пати.