Инфо

Горивата поскапуваат за еден до 1,5 денар од литар

понеделник, 01 јули 2019

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 2,44 отсто што значи дека следува поскапување за еден до 1,5 денари по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Бензинот ЕУРОСУПЕР-95 се зголемува за 1,50 денари и ќе се продава по 68,50 денари, додека цените на ЕУРОСУПЕР-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемуваат за по 1 денар со што еден литар БС 98 ќе чини 70,50 денари, а еден литар дизел 61,50 денари.

За еден денар поскапува и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе се продава за 51 денар, а малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,612 денари за килограм и новата цена ќе изнесува 34,849 денари.
 

Содржината е прочитана 61 пати.