Инфо

Денеска стартува проектот за поврат на 15 отсто од ДДВ

Право на поврат има секое лице над 15-годишна возраст со важечка лична карта и трансакциска сметка, кое е регистрирано во системот на УЈП

понеделник, 01 јули 2019

Денеска стартува владиниот проект „Мој ДДВ“, со кој се предвидува поврат на ДДВ од 15 проценти. За да добијат поврат на парите, граѓаните да ја симнат телефонска апликација „Мој ДДВ“, да ги скенираат баркодовите на фискалните сметки што ги добиваат при купување или користење на некоја услуга и потоа да ги пратат на апликацијата.

Апликацијата ќе може да ја користи секое лице над 15-годишна возраст со важечка лична карта и трансакциска сметка, кое е регистрирано во системот на УЈП. Мерката важи само за фискалните сметки до 30.000 денари, но не и за фактури и сметки со сметкопотврди. За секоја сметка од пазарење ќе се враќаат 15 проценти од платениот ДДВ. На пример, за сметка во вредност од 1.000 денари за која се плаќа 180 денари ДДВ, државата ќе врати 15 отсто, или 27 денари

Апликацијата „Мој ДДВ“ дозволува скенирање само на валидни фискални сметки. Со скенирањето на баркодот системот на УЈП ги вчитува сите податоци од фискалната сметка, а незаконските компјутерски сметки системот нема да ги препознае. На овој начин граѓаните ќе знаат дека тој што им издал ваква сметка им го скратил правото да им бидат вратени пари како заштеда, еднакво како и даночните обврзници што не издаваат фискални сметки.

Преку оваа мерка, власта очекува да се вратат околу 50 милиои евра назад кај граѓаните, а на крајот на годината близу 500 евра кај едно семејство.

 

Содржината е прочитана 67 пати.