Бизнис клуб

НЛП Стартер со Коучинг – уникатна комбинација во еден тренинг да се совладаат две техники

Центарот за бизнис психологија ЈИЕ ви нуди можност за два дена да научите и совладате основни техники на коучирање

четврток, 27 јуни 2019

Сите кои во летниот период сакате да продолжите да се надградувате себе си, Центарот за бизнис психологија Југоисточна Европа ве поканува на еден поинаков НЛП Стартер и ви нуди ретка можност за нова летна уникатна комбинација - во еден тренинг да совладате две техники - НЛП и Коучинг!

Тренингот ќе се одвива два дена, на 6 и 7 јули оваа година во период од 10 до 17 часот кога покрај почетните НЛП техники од НЛП Стартерот, ќе може да се научат и основните техники за коучирање:
- Основни коучинг правила,
- Квалитети кои што коучот мора да ги поседува,
- Порака која што ја испраќа коучот,
- Процеси на коучирање,
- Логичките нивоа во процесот на коучирање итн. 

НЛП коучингот е корисна методологија во бизнис опкружувањето, но секако и за личен развој. Човекот функционира на четири полиња: ментално поле, физичко поле, поле на енергија и поле на душата. Сите четири полиња влијаат едно на друго и се надополнуваат. Умешноста е во тоа да знаете да препознаете на кое поле е потребно да дејствувате за да креирате хармонија во сите други полиња.

Затоа е многу важно да ја прошириме нашата рамка со која што се набљудуваме себе си и светот околу нас и да погледнеме од една поширока, системска перспектива.

Со завршувањето на НЛП Стартерот, покрај другото, ќе се запознаете со вашите семејни динамики и како истите влијаат во вашето секојдневие.

Ден 1: Стартер
Четирите човечки полиња
Модел на комуникација
Системски динамики
Историјатот за НЛП
НЛП претпоставки
Интерпретација или структура?
НЛП е субјективно доживување

Ден 2: Стартер
Репрезентативни системи
Техника: Рапорт
Тест за репрезентативните системи.
Предикати
Што ни говорат очите?
Полето на телото. Што ви говори телото?
Техники на дишење

Овие два тренинга ги добивате по цена за еден и два дена НЛП Стартер и Коучинг чинат вкупно 10.450 денари.
Летната акција важи и за сите кои веќе го имаат поминато НЛП Стартерот, сакаат да го повторат и секако, да стекнат нови коучинг техники. За нив цената изнесува само 3.200 денари.

Сите заинтересирани повеќе информации можат да добијат на телефонот 078 402-762, или на contact@centerbpsee.com

 

 

Содржината е прочитана 61 пати.