Бизнис вести

Јавниот долг е 48,5 отсто, а државниот 40,5 проценти од БДП

Според годишниот извештај за управување со јавниот долг за 2018 година, нашата држава останува умерено задолжена земја со државен долг кој е далеку понизок од просечното ниво на долг на земјите на ЕУ

среда, 26 јуни 2019

Јавниот долг на Македонија на крајот на 2018 година изнесува 5.202,2 милиони евра, што претставува 48,5 отсто во однос на БДП, додека државниот долг, пак, на крајот на 2018 година изнесува 4.344,4 милиони евра, односно 40,5 отсто во однос на БДП.

Ова се вели во Годишниот извештај за управување со јавниот долг за 2018 година, што го усвои Владата на последната седница.

Од владината прес-служба велат дека со ова ниво на државен долг Република Северна Македонија останува умерено задолжена земја со државен долг кој е далеку понизок од просечното ниво на долг на земјите на ЕУ, којшто на крајот на 2018 година изнесувал 80,8 отсто.
 

Содржината е прочитана 58 пати.