Инфо

Дизелот и БС-98 поскапуваат за половина денар

понеделник, 24 јуни 2019

Од ноќеска на полноќ поскапуваат горивата. Малопродажната цена на Еуросупер БС-98, на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за половина денар, а цената на Еуросупер БС-95 останува непромента, одлучи Регулаторната комисија за енергетика цената.

Со тоа Еуросупер БС-95 и оваа недела ќе се точи по 67 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава по 69,50 денари, а Еуродизелот 60,50 денари за литар. Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 50 денари литар.

Се зголемува и малопродажната цена на мазутот и ќе изнесува 33,237денари за килограм.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 0,144 отсто и зголемување кај дизелот во просек за околу 1,846 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период изнесуваше 54,68 денари и е повисок за 0,504 отсто.

 

Содржината е прочитана 121 пати.