Бизнис вести

Во април е исплатена просечна нето плата од 24.785 денари

Просечнта плата во април годинава е за 3,5 проценти повисока од платата исплатена во април лани

петок, 21 јуни 2019

Просечната исплатена месечна нето плата по работник во април годинава изнесува 24.785 денари и е за 3,5 проценти повисока во однос на истиот период лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Бруто платата, пак, е 36.796 денари, а зголемувањето изнесува 4,8 отсто. Индексот на просечната месечна ислатена нето плата по вработен во април 2019 во однос на април 2018 изнесува 103.5.

Зголемувањето се должи на покачувањето на просечната плата во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (9,4 отсто), Транспорт и складирање (8,5 отсто) и Административни и помошни услужни дејности (6,8 прценти).

Највисоки плати има во секторот Информации и комуникации со просек од 45.360 денари, по што следуваат Финансиски дејности и дејности на осигурување со просечна плата од 40.683 денари и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 38.863 денари.

Најниска просечна плата во април е исплатена во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна.
 

Содржината е прочитана 64 пати.