Бизнис вести

Од 1 јули за 27 отсто поевтин роаминг во регионот

петок, 21 јуни 2019

За 27 отсто поевтинува роамингот во регионот од 1 јули. Со стартот на примената на регионалниот договор за роаминг од почетокот на наредниот месец граѓаните на Западен Балкан ќе можат да телефонираат во роаминг по драстично пониски цени.

Цените во првата фаза ќе бидат намалени за 27 отсто, додека на 1 јули 2021 година се очекува целосно укинување на роамингот за регионот, што е предвидено со договорот кој беше потпишан во април.
 

Содржината е прочитана 137 пати.