Бизнис клуб

Хуманоста на дело - ДАМА-ДА-Донира за Специјалниот завод во Демир Капија

Хуманитарната акција што ја спроведе агенција „Марили“ во рамки на тематскиот ден „ДАМА-ДА“ во март оваа година се реализираше со набавка и монтажа на шест клима уреди за Специјалниот завод во Демир Капија

петок, 21 јуни 2019

Хуманоста што ја негува агенција „Марили“ преку тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“ продолжи и оваа година со хуманитарна акција под слоганот „ДАМА-ДА-Донира“. Притоа беа собрани средства во висина од 96.450 денари со кои се купени и е обезбедена монтажа на шест клима уреди наменети за просториите во кои се сместени штитениците на Специјалниот завод во Демир Капија.

Целата акција беше поддржана од Министерството за труд и социјална политика и министерката Мила Царовска.

Во донацијата учествуваа сите посетители на тематскиот ден така што со купување влезница директно донираа средства наменети за Специјалниот завод. Истовремено беа вклучени и бројни компании и институции, меѓу кои беше и Амбасадата на Република Словенија во Република Северна Македонија, како и компании од каде доаѓаат жените менаџери – членки на Марили Бизнис Клубот.

Собраните средства во договор со в.д. директорката на Заводот, Александра Велковска беа наменети за набавка и поставување клима уреди, за кои, како што рече Велковска, во овие топли денови, но и во студените зими ќе им ги подобрат условите за престој на штитениците во Домот. 


„Искажувам огромна благодарност на агенција ’Марили’ за хуманоста кон Специјалниот завод во Демир Капија и ги поддржувам и во иднина вашата хуманост и вашите настани. На ДАМА-ДА бев лично присутна и можев да се уверам како течеше хуманитарната акција“, истакна директорката Велковска.

Со ова, агенција „Марили“ во континуитет продолжува да ја негува хуманоста во рамки на своите проекти во кои секогаш ги вклучува жените менаџери. На тој начин „Марили“ постојано дава придонес во општествената заедница, потврдувајќи ја својата општествена одговорност.
 
Содржината е прочитана 332 пати.