Инфо

Еуросупер БС-95 поскапува за половина денар, останатите горива со непроменета цена

понеделник, 17 јуни 2019

Малопродажните цени на нафтените деривати од ноќеска на полноќ се намалуваат во просек за 0,35 отсто, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Со најновата одлука ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе поскапи за половина денар по литар, додека цената на останатите горива ќе остане непроменета.

Тоа значи дека новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 67 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 и оваа недела ќе се продава за 69, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 60, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 49,5 денари за литар.

Со одлуката на Регулаторна се намалува и малопродажната цената на мазутот М-1 НС и тоа за 0,848 денари за килограм и ќе изнесува 33,003 денари.

На светскиот пазар во изминатите седум дена референтната цена кај бензинот бележи пораст во просек за околу 2,44 отсто, или за 14,10 долари по тон, а кај дизелот во просек за околу 1,088 отсто, или 5,95 долари по тон. Курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,82 отсто.

 

Содржината е прочитана 136 пати.