Здравје/ Убавина

Салонот за убавина „Miss EN“ отвора тренинг центар

Во тренинг центарот ќе се вршат сертифицирани обуки за кариерен развој во областа на козметиката, под стручен надзор на д-р Татјана Радојевиќ

понеделник, 17 јуни 2019

Салонот за убавина „Miss EN“ продолжува да придонесува за луѓето да се чувствуваат убаво и освен досегашните добро познати услуги за нега и разубавување, сега нуди и соработка за правење кариера на козметичар со сите новитети на едно место.

„Miss EN“ отвора свој тренинг центар за сертифицирани обуки за кариерен развој во областа на козметиката, со што ви помага да стигнете на местото за кое сонувате.


Во тренинг-центарот „Miss EN“ може да се стекнете со знаење и со вештини за масажа мадеро, професионална шминка, педикир, маникир, релакс масажа, спортска масажа, медицинска масажа, масажа ajurveda.

Борбата со целулитот, брчките, олабавената кожа и масните наслојки е секогаш проблем со кој се справуваат жените.

Во тренинг центарот на „Miss EN“ стручните третмани и обуки за користење ботокс, хијалуронски филери, ампула PBS, серум и akvaliks, како и гипсените бермуди за трајно ослободување од целулит и намалување на обемот на телото се под стручен надзор на д-р Татјана Радојевиќ, која гостува секој месец и врши обука како да се користат гипсените бермуди.

Бројот на заинтересираните за обука е ограничен, бидејќи д-р Радојевиќ професионално ќе се обраќа кон секој поединечно.

Обуката започнува на 2 јули во 12 часот, а сите заинтересирани за подеатлни информации може да се обратат на телефонските броеви 071 66 88 66 и 3113 111.

 

Содржината е прочитана 112 пати.