Бизнис вести

Амазон го престигна Гугл и стана највреден бренд на светот

Американскиот технолошки гигант се најде на првото место на листата откако вредноста му порасна на 315 милијарди долари

четврток, 13 јуни 2019

Амазон стана највреден светски бренд откако вредноста му порасна на 315 милијарди долари, со што ги престигна Епл и Гугл, се наведува во извештајот на агенцијата за истражување на светскиот пазар „Кантар“.

Американскиот технолошки џин Амазон од трето се искачи на прво место, Гугл од прво падна на трето, додека Епл остана на второ место.

Амазон, кој во својата гаража во 1994 го основа сега најбогатиот човек на светот Џеф Безос, стигна на врвот на листата благодарејќи на паметните аквизиции, врвните кориснички услуги и иновативниот деловен модел, се наведува во извештајот.

Меѓу првите десет компании и натаму доминираат американските и тоа Епл со 309,5 милијарди долари, Гугл со 309 и Мајкрософт со 251 милијарди долари вреден бренд. Петта е Виза со вредност од речиси 178 милијарди долари, а потоа следува социјалната мрежа Фејсбук со 159 милијарди долари. Најдобро рангирана азиска компанија е кинеската Алибаба, која со вредност од 131,2 милијарди долари се најде на седмото место.
 

Содржината е прочитана 98 пати.