Инфо

Бензините поевтинуваат за три, дизелот за 2,5 денари по литар

понеделник, 10 јуни 2019

За три денари од литар поевтинуваат бензините од ноќеска на полноќ, додека дизелот за 2,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Тоа значи дека новата цена на „Супер 98“ ќе изнесува 69,00 денари за литар, „Супер 95“ ќе се продава за 66,50 денари, а дизелот за 60,00 денари литар.

Екстралесното масло за домаќинства од полноќ ќе чини 49,50 денари за литар, додека мазутот 33.851 денар за килограм.
 

Содржината е прочитана 86 пати.