Инфо

Bryan Adams во Скопје на 13 ноември

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, 10 јуни во 9 часот наутро, а цените ќе бидат познати вечерва

среда, 05 јуни 2019

На 13 ноември во Скопје доаѓа еден од најголемите mainstream артисти на светот на сите времиња, Bryan Adams кој со својот бенд ќе одржи концерт во Вип арената.

На денот на роденденот на градот, за прв пат во живо ќе се слушнат „Summer of 69“, „Heaven“, „Please Forgive me“, „Everything I do (I do for you)“, „Have You Ever Really Loved a Woman“ и многу други.

Bryan Adams доаѓа во Скопје во рамки на големата светска „Shine a light“ турнеја наречена по истоимениот нов албум, со која настапува во најголемите концертни арени ширум светот.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, 10 јуни во 9 часот наутро, а цените ќе бидат познати вечерва.

Најавувајќи го концертот на Bryan Adams како финален светски проект, од Авалон продукција потсетуваат дека so него практично се заокружува, како што велат оваа историска концертна година во Македонија, која во моментов е вистинска европска концертна велесила откако незборавни настапи во Скопје имаа легендарните Lenny Kravitz, Sting и Eros Ramazzotti.

 

Содржината е прочитана 141 пати.