Инфо

Автопатот Миладиновци – Штип пуштен во употреба

Ова е првиот автопат во источниот дел на државата. Делницата е долга 47 километри и во нејзината изградба беа вложени 200 милиони евра

среда, 05 јуни 2019

Автопатот Миладиновци-Штип денеска е пуштен во употреба со што патувањето од Скопје до Штип ќе се скрати за околу половина час.

Ова е првиот автопат во источниот дел на државата. Делницата е долга 47 километри и во нејзината изградба беа вложени 200 милиони евра.

Автопатот е со четири ленти од по 3,75 метри, плус две ленти за застанување од по 2,5 метри, широк е 27,4 метри и по него може да се вози со максимална брзина од 130 километри на час. Има вкупно седум клучки.

Делницата почнува после клучката Миладиновци која има девет нови крака и се спојува на коридорите 8 и 10. Последната клучка е „Три Чешми“, кадешто ќе има спојување со новиот експресен пат Штип-Кочани, кој е во изградба.

Автопатот почна да се гради во февруари 2014 година Во неговата зградба учествуваа кинеската компанија „Синохидро“ како и македонските „Бетон“ и „ Гранит“ како подизведувачи.
 

Содржината е прочитана 173 пати.