Инфо

Поевтинуваат бензините и дизелот

За еден денар се намалува цената на Еуросупер БС 98, додека на Еуросупер БС 95 и на Еуродизел за 1,5 денар од литар

понеделник, 03 јуни 2019

Малопродажната цена на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за денар до денар и половина, одлучи Регулаторната комисијата за енергетика.

Според одлуката, за еден денар поевтинува Еуросупер БС 98, додека Еуросупер БС 95, Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поевтинуваат за 1,5 денар од литар.

Тоа значи дека од полноќ новата цена на „Еуросупер 95“ ќе изнесува 69,50 денари за литар, „Еуросупер 98“ ќе се продава по цена од 72 денари, а „Еуродизелот“ за 62,50 денари литар. Екстра лесното масло, пак, ќе чини 52 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува и ќе изнесува 35,118 денари за килограм.
 

Содржината е прочитана 157 пати.