Култура

Утре се спушта завесата на Мајските оперски вечери со величествената „Аида“

четврток, 30 мај 2019

Со изведбата на величествената „Аида” од Џузепе Верди утре во Националната опера и балет ќе бидат затворени годинашните Мајски оперски вечери.

Публиката преку футуристичка виртуелна сценографија во која традицијата е споена со визуелна иновација, ќе ужива во несекојдневно патување низ древниот Египет слушајќи приказна за љубовта.

Продукцијата е на театарот „Карло Феличе“ од Џенова, Италија, а диригент е Диан Чобанов од Бугарија, диригент со богата европска кариера.

Во главните улоги ќе настапат Русинките Олга Романко како Аида и Ирина Долженко како Амнерис. Во улогата на Радамес ќе настапи првенецот Ѓорѓи Цуцковски, како Амонасро ќе настапи Анџело Веча, гостин од Италија, додека улогата на Фараонот ќе ја исполни Александар Стефаноски.

Почетокот е во 20 часот.
 

Содржината е прочитана 92 пати.