Инфо

Граѓаните денеска можат да контактираат со финансиските институции на штандови пред Министерство за финансии

На штандовите ќе се претстават банки, осигурителни компании, штедилници, Министерството за финансии, Народната банка, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на осигурување и МАПАС

вторник, 28 мај 2019

Денеска од 10 до 14 часот на платото пред Министерството за финансии ќе бидат поставени специјални штандови на кои граѓаните од права рака ќе можат да добијат корисни информации и да се информираат за финансиските услуги и инструменти.

На штандовите, поставени по повод одбележувањето на Деновите на финансиска писменост ќе се претстават банките, осигурителните компании, штедилниците, како и институциите од Телото за финансиска писменост – Министерството за финансии, Народната банка, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на осигурување и МАПАС.

„Граѓаните ќе можат да ги посетат штандовите од 10 часот до 14 часот, а во рамки на предвидените содржини е и интерактивен детски корнер во кој е предвидени забавна и едукативна програма за деца до 10 години“, соопшти Министерството за финансии.

На настанот ќе присуствуваат и министерот за финансии, Драган Тевдовски, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, престедателката на КХВ, Нора Алити, претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Климе Поповски и претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Максуд Али.
 

Содржината е прочитана 151 пати.