Инфо

Новата методологија пресмета пониски цени на горивата

Од ноќеска на полноќ во наредните седум дена бензините ќе бидат поевтини за еден, а дизелот за два денари од литар

понеделник, 27 мај 2019

Регулаторната комисија за енергетика ги намали цените на нафтените деривати и тоа кај бензините за еден, а кај дизелот за два денри по литар. Новите пониски цени на горивата што ќе важат од ноќеска на полноќ во наредните седум дена се утврдени врз основа на новата методологија.

Тоа значи дека сега Еуросупер 95 ќе се продава за 71,00 денари за литар, Еуросупер 98 за 73,00 денари, додека дизелот ќе чини 64 денари литар.

Mалопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 53,50 денари за литар. Поскапува единствено мазутот М-1 НС и тоа за 0,959 денари за килограм и ќе се продава по цена од 35,964 денари за килограм.

Според новата методологија на пресметување на цените на горивата, главни критериуми ќе бидат курсот на доларот во однос на денарот и движењето на цената на суровата нафта на светските берзи.

 

Содржината е прочитана 150 пати.