Инфо

Академија Пандев го освои Купот на Македонија

По драматичен натпревар кој заврши со изведување пенали, струмичани ги надиграа тимот на Македонија ЃП и го освоија првиот Куп-трофеј во историјата на клубот

четврток, 23 мај 2019

Финалето на Купот на Македонија им припадна на фудбалерите на Академија Пандев. По драматичен натпревар кој заврши со изведување пенали, струмичани ги надиграа тимот на Македонија ЃП и го освоија првиот Куп-трофеј во историјата на клубот.

Регуларниот дел на натпреварот заврши нерешено 2:2, па се отиде на продолженија, но сепак немаше промена на резултатот. Победникот на трофеј купот се одлучи преку изведување пенали, при што фудбалерите од Струмица беа поуспешни и победија со резултат 4:2, или вкупен резултат на натпреварот 6:2.

Академија Пандев беше максимално прецизна во изведувањето пенали, додека кај екипата од Ѓорче Петров потфрлија Робсон да Силва и Дејан Тантуровски.

Со вечерашната победа на Националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје, Академија Пандев за следната сезона обезбеди учество на натпреварувањата за Лига Европа.

Пренесено од МИА
 

Содржината е прочитана 79 пати.