Инфо

Роамингот со соседите поевтинува за 70 отсто за еден месец

Крајна цел е до јули 2021 година роаминг услугите да бидат целосно укинати и да се наплаќаат како во домашниот сообраќај, што е случај со земјите во Европа

четврток, 23 мај 2019

За 70 отсто поевтин роаминг ќе имаат граѓаните од први јули. Оваа поволност ќе ја имаат кога ќе разговараат со граѓани на Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.

„Она на што инсистираме за да се избегнат долгите постапки во преодниот период додека операторите не ги спроведат потребните механизми, е да одредиме фиксни цени што би биле намалени од 70 до 80 отсто“, изјави директорот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), Сашо Димитриоски.

Димитриоски најави дека се очекува намалување на роаминг услугите и со соседна Грција до крајот на годинава.

Се очекува со намалување на цените, значително да се зголеми сообраќајот во роаминг. Крајна цел е до јули 2021 година, роаминг услугите да бидат целосно укинати и да се наплаќаат како во домашниот сообраќај, што е случај со земјите во Европа.

Пренесено од МИА
 

Содржината е прочитана 71 пати.