Бизнис вести

Банкнотите од 100 и 200 евра со нов изглед од 28 мај

среда, 22 мај 2019

Европската централна банка во Франкфурт од 28 мај ја пушта во оптек новата серија банкноти од по 100 и 200 евра, наречена Европа. На банкнотите доминираат карактеристиките на Европа, феникиската принцеза и божица по која стариот континент го добил името.

Банкнотите се многу поквалитетно изработени од оние од првата серија, а како безбедносна мерка е мал симбол на еврото (€) со цел да се намали или целосно да се спречи фалсификувањето на европската валута. Со ваквиот систем на заштита би требало релативно лесно да се препознаваат фалсификуваните примероци.
 

Содржината е прочитана 156 пати.