Инфо

УНЕСКО бара мораториум за градење во Охрид

Во најновиот извештај на Организацијата е наведено дека има недоволен напредок во решавањето на проблемите во животната средина, земајќи ги предвид постојаните закани и големите инфраструктурни проекти во градот и неговата околина, кои претставуваат потенцијална опасност за природното и културно наследство

вторник, 21 мај 2019

Мораторум за градење во Охрид бара УНЕСКО. Организацијата на Обединетите нации за заштита на светското културно наследство во својот најнов извештај препорачува Охрид и регионот да бидат ставени на листата на загрозено светско наследство, притоа барајќи да се прогласи мораториум на каква било урбанистичка трансформација особено на брегот на Езерото.

Причина за тоа е недоволниот напредок во решавањето на проблемите во животната средина, земајќи ги предвид постојаните закани и големите инфраструктурни и развојни проекти во градот и неговата околина, кои претставуваат потенцијална опасност за природното и културно наследство.

Реакцијата на УНЕСКО е резултат на многуте платформи на кафетериите навлезени во Езерото, најавите за градење на Галичица, изградбата на хотелот на самиот брег во Лагадин. Од Организацијата испорачаа низа барања до државата, меѓу кои, покрај прогласувањето мораториум на секакви урбани трансформации на брегот на Охридското Езеро, е и барањето да се процени влијанието на нелегалните градби во заштитеното подрачје, а да се срушат сите оние што претставуваат опасност.
 

Содржината е прочитана 180 пати.