Бизнис вести

Просечната плата во март била 24.590 денари

вторник, 21 мај 2019

Просечната месечна нето-плата по вработен исплатена во март годинава изнесувала 24.590 денари и е за 3,8 отсто повисока од март лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2019 година изнесувала 36.476 денари.

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на порастот на нето-платите во секторите: дејности на здравствена и социјална заштита (11,4 %), земјоделство, шумарство и рибарство (8,2 %) и транспорт и складирање (7,8 %).

Според ДЗС, највисока просечна плата се исплаќа во секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности каде просечната нето плата изнесува 56.670 денари, потоа следува секторот телекомуникации со 50.022 денари, па финансиско услужни дејности освен осигурување и пензиски фондови, каде просечната нето плата изнесува 48.191 денар, воздухопловен транспорт со исплатени 47.592 денари и секторот производство на основни фармацевтски производи и препарати со нето плата од 44.616 денари.
 

Содржината е прочитана 85 пати.