Инфо

Поскапеа горивата на бензинските на „Макпетрол“

вторник, 21 мај 2019

„Макпетрол“ ги поскапе горивата и од денеска на нивните бензински пумпи ќе се продаваат бензини поскапи за еден денар, а дизел за два денари по литар.

Од компанијата информираат дека Ultra 95+ Economy ќе се продава за 72 денари за литар, а Ultra 100 Race Pro за 74 денари за литар.

Ultra Diesel Green Power од денеска чини 66 денари, додека Ultra Diesel Bio Power 67 денари за литар.

Екстра лесното, пак. ќе се продава по цена од 54,50 денари за литар.

Поскапувањето е последица од зголемувањето на цената на нафтата на светските берзи, бидејќи цената на дериватите се пресметува врз основа на цената на нафтата на светските берзи, а не како досега врз основа на прозводната цена која ја даваше ОКТА.

 

Содржината е прочитана 147 пати.