Бизнис вести

Горан Трајковски ќе биде нов генерален директор на Еуростандард банка

понеделник, 20 мај 2019

Горан Трајковски заминува од челното место на Агенцијата за заштита на личните податоци и ќе биде нов генерален директор на Еуростандард банката.

Тој за 1ТВ потврдил дека во иднина ќе ја води банката на Трифун Костовски. Вели дека ги исполнува условите да стане нов генерален директор на Еуростандард банка, но, оти конечната одлука за неговата идна позиција треба да ја имаат акционерите на Банката и гувернерот.

Инаку, Трајковски беше член на Надзорниот одбор на Еуростандар банка уште од времето кога беше прв човек на Управата за јавни приходи.

Во оставката доставена во Собранието во петокот, Трајковски пишува дека од ДЗЛП си заминува од лични причини. Тој се заблагодарува на довербата да биде избран за директор, во како што вели, период кога Македонија се соочувала со тешки повреди на приватноста, намалена доверба на граѓаните во институциите, што било констатирано и од експертите предводени од Рајнхард Прибе.
 

Содржината е прочитана 108 пати.