Култура

Игор Дурловски нов директор на Македонската опера и балет

Оперскиот солист Игор Дурловски од Министерството за култура е назначен за нов директор на Македонската опера и балет. 

четврток, 12 ноември 2015

Оперскиот солист Игор Дурловски од Министерството за култура е назначен за нов директор на Македонската опера и балет.

- Дурловски е познат бас и контра-тенор кој кариерата ја почна на сцената на МОБ и успешно ја продолжи на меѓународните сцени, информира Македонската опера и балет.

Дурловски доаѓа на местото на Дејан Прошев кој функцијата директор на МОБ ја извршуваше од 2010 до 2014, а од крајот на минатата година беше в.д. директор на оваа национална установа.

(Преземено од МИА)
 

Содржината е прочитана 422 пати.