Инфо

Викендов ќе се прска против комарци во Скопје

петок, 17 мај 2019

Градот Скопје викендов ќе ја спроведе првата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот против возрасни форми на комарци.

Во сабота и во недела, во раните утрински часови ќе се врши авионско прскање, додека од недела до четврток од 23 до 04 часот наредниот ден ќе се одвива дезинсекцијата од земја.

Од Градот инфорираат дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионското прскање ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Пчеларите треба навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.


 

Содржината е прочитана 134 пати.